недела, 27 октомври 2024
Капитенот на Ливерпул не остана покус

Ван Дајк му одговори на Рој Кин

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк му одговори на Рој Кин, вели дека не бил арогантен, едноставно го кажал тоа што го чувствувал по крајот на синоќешното дерби.

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, кое заврши 0-0, Вирџил ван Дајк изјави дека само еден тим се обидувал да победи, и додаде дека „ѓаволите“ биле пресреќни со освоениот бод.

Ваквите коментари не му се допаднаа на Рој Кин, легендата на Манчестер јунајтед рече дека капитенот на „црвените“ е арогантен и го потсети Холанѓанецот дека игра за клуб кој има само една титула во Премиерлигата во последните 33 години.

Вирџил ван Дајк не сакаше да остане покус, па денеска му одговори на Рој Кин.

„Ми се допаѓа Рој Кин, немам ништо против неговите изјави“ – вели капитенот на Ливерпул.

„Тој дише за Манчестер јунајтед и разбирам дека може да реагира така, но го кажав штоа што го чувствував и нема никаква ароганција во сето тоа“.

„Сите кои го гледаа натпреварот веројатно го мислат истото. Продолжуваме понатаму. Имавме шанси но не успавме да постигнеме гол, тоа е она што не фрустрира“.

Ливерпул имаше посед на топка од 69% и шутна дури 34 пати, но и тоа не беше доволно да се најде патот до мрежата на Онана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ