Ван Бисака се сели во Лондон по 190 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ во изминататите пет сезони. Во тој период успеа да го освои ФА Купот, Лига купот и играше финале во Лигата на Европа.
„Не размислував многу кога пристигна понудата од Вест Хем. Возбуден сум и среќен што ќе играм тука. Неверојатно е чувството да се вратиш во Лондон. Јас сум роден тука и го знам секој дле од овој град кој одигра голема улога во мојот живот и ми значи што повторно ќе бидам тука. Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да ги запознаам соиграчите“, изјави Ван Бисака.
Wan-Bissaka is West Ham ⚒️ pic.twitter.com/52pXINQ1dT
— West Ham United (@WestHam) August 13, 2024