понеделник, 20 мај 2024

Ваљадолид го промовираше Карапалевски

Мартин Карапалевски од Вардар се сели во Ваљадолид, македонскиот ракометар во наредните две сезони ќе биде член на шпанскиот клуб и ќе работи под водство на Давид Писонеро.

Објавено на

часот

Сподели

Ваљадолид денеска и официјално го потврди ангажманот на македонскиот среден бек, Мартин Карапалевски, кој по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели во шпанскиот клуб.

Карапалевски стави потпис на двегодишен договор со Ваљадолид, а таму оди по желба на тренерот Давид Писонеро кој добро го познава Мартин од времето кога беше тренер на Вардар.

„Мартин е македонски централен бек од генерацијата 2000, кој го знам од Светското првенство У19 од Скопје и јас сум тој кој го внесе во првиот тим на Вардар. Тој е млад играч со потенцијал и веќе со искуство во Лигата на шампионите, Европската лига и македонската лига. Тој не е многу висок, но е интелегентен, тој е добар во играта еден на еден и има добра конекција со пивотот. Исто така тактички е добар. Се надеваме дека ќе се развива во Ваљадолид на одличен начин и ќе ја оправда довербата која ја имаме во него, а таа е голема“, рече тренерот Давид Писонеро.

Карапалевски во Ваљадолид нема да биде единствен Македонец, таму е и Димитар Димитриоски. Во моментов за нив игра и Дарко Димитриевски, но тој од следната сезона ќе настапува за Аликанте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ