петок, 18 октомври 2024

Ваљадолид го потврди ангажманот на Карапалевски

Македонскиот ракометар, Мартин Карапалевски и официјално е нов член на шпанскиот клуб, Ваљадолид.

Објавено на

часот

Сподели

По барање на поранешниот тренер на Вардар, кој сега го води Ваљадолид, Давид Писонеро, Карапалевски потпиша за шпанскиот клуб.

„Среќен сум што ќе играм за тим со голема традиција и што ќе работам со Писонеро по пет години во Вардар. Ми се допаѓа шпанскиот систем, досега покрај со Писонеро работев и со Раул, Парондо и Дејвис на клупско и на репрезентативно ниво. Затоа го одбрав Ваљадолид, тука можам да растам како играч“, изјави Карапалевски.

Добредојде на Карапалески му посака Димитар Димитриоски кој веќе настапува за Ваљадолид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ