сабота, 27 јули 2024

Валентино Роси во пензија по 2014 година

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Доктор, кој ќе вози во Дукати најави дека сака да го продолжи договорот со италијанскиот тим, што му истекува на крајот на годинава и дека тоа би бил негов последен договор во кариерата. Италијанецот сака со најпопуларниот тим во Италија да се израдува на титула пред да замине во пензија.

„Сакам нов двегодишен договор, кој можеби ќе биде последен. Потоа ќе размислувам како ќе уживам. Сакам да освојам нешто, да го направам Дукати голем и потоа да се повлечам“, рече Роси, кој последен пат ја освои титулата во 2009 година.

Минатата година за првпат Роси забележа очаен резултат со седмото место во шампионатот. Италијанецот во минатото се споменуваше и како иден возач на Ферари во Формула 1, но желбите останаа само на тестирања на „црвениот болид“ во Муџело.

Зад името на Роси стојат девет титули, седум во врвната класа, од кои пет во низа во периодот 2001-2005 година, а уште две во 2008 и 2009 година со тимовите на Хонда и Јамаха.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ