недела, 27 октомври 2024
Премиерлига

Вака се станува шампион, Арсенал со гол во 97. минута стигна до победа против Лутон (ВИДЕО)

Арсенал со три бода си замина од гостувањето кај Лутон, „топчиите“ со гол во последните мигови од мечот стигнаа до триумф од 3-4.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Артета важеа како огромни фаворити вечерва, но малку фалеше да кикснат и останат без важни бодови во трката за титулата.

Лутон не само што два пати се врати од гол негатива, дури и успеа да поведе кога Баркли во 57. минута ја затресе мрежата на Арсенал за 3-2.

Каи Хаверц брзо ги врати „топчиите“ во игра и изедначи на 3-3 по еден час игра, но домаќините потоа лесно одолеваа на налетите на гигантот од Северен Лондон.

И кога сите очекуваа крај и голем бод за Лутон, Одегард одлично нафрли а Рајс со глава погоди за 3-4 и голема радост за Арсенал во 97. минута од мечот.

Овие два бода плус за Арсенал можат многу да значат во продолжението од сезоната, не треба да се заборави дека Ливерпул киксна на гостувањето кај Лутон на почетокот од месецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ