сабота, 27 јули 2024

Вака повеќе не оди, ѓубре имаме и за извоз, велат екоактивистите што го чистеа скопското Кале

Објавено на

часот

Сподели

Активисти од еколошкото движење За почиста Македонија и волонтери, нивни пријатели од странство, ја организираа денешната акција на Калето. Нив не им е првпат да се лоцираат на оваа локација и велат дека е разочарувачки што и овде, на едно од најпопуларните места во главниот град, ѓубре има насекаде.

Активистот Гапо нагласува дека чуварите на Калето понекогаш самите ги празнат кантите за ѓубре иако тоа не е нивна работа, зашто ги фаќа срам од посетителите, од странските туристи.

„Се надевам дека и со оваа акција ќе направиме притисок врз властите дека треба да се чисти градот, а врз граѓаните да повлијаеме да сфатат дека вака повеќе не оди, дека треба да се биде културен и градот и животната средина да се одржуваат чисти и незагадени“, вели Гапо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ