петок, 13 декември 2024

Вака од Водно изгледа Скопје во магла додека горат бадниковите огнови

Камерата на ЈСП Скопје во овие вечерни моменти покажува во каква магла и смог е потонат главниот град. Се гледаат светла само на повисоките населби или околни места. Во исто време горат стотици – илјадници бадникови огнови… Во дел од населбите и околината, како и во Струмица, воздухот според концентрацијата на опасните канцерогени честички е дефиниран како „опасен“.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај бадниковите огнови, загадувањето вечерва се зголемува и од раздвиженоста на возила низ градот, од греењето на домовите со нееколошки горива – влажни дрва, паркет, гуми, пластика, текстил, се што може да згрее еден дом, а да не чини пари, тука вреди да се наброи и пиротехниката чувана токму за вечерва. Секако има и други фактори, кои денеска директорот на Инспекторатот за животна средина ги наброи. И рече дека постапуваат по извештаите на Министерството за животна средина кое своите податоци за аерозагадувањето ги црпи официјално од свои мерни станици.

А токму денеска е укинат алармот за аерозагадувањето за Скопје и Струмица, зашто вчера прагот на загаденоста со ПМ честичките бил под 150 мг/м3.

Вечерва интгернет страницата waqi.info покажува дека „прагот“ достигнал до 360 мг/м3 во поедини населби во Скопје, што е опасно по здравјето. Како што е измерено на булеварот Трета македонска бригада.

Што да се каже за скопското село Батинци каде се измерени 500 мг/м3 и што е дефинирано исто така како „опасно“?

Мака се мачи и во Струмица, а „нездраво“ е и во Кавадарци и Неготино.

Во овие моменти Ервижуал покажува дека најзагаден е воздухот во азиските мегалополиси Калкута со индекс 387 и Дака со 348, помалку од Батинци, а за малку повеќе од Струмица или „тука некаде“ со некои населби во Скопје.

Треба ли да се каже дека во Калкута живеат над 15 милиони луѓе, а со околината многу повеќе? Или во Дака 10 милиони, а во регионот на овој главен град на Бангладеш живеат 20 милиони? Колку индустрија и возила има таму во мегалополисите кои бројат десет – дванаесет пати повеќе жители од Македонија?

Сепак, од Нова година се празнува и не треба многу врева да се крева.

П.Џ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ