четврток, 16 јануари 2025

В понеделник протест на студентите и на вработените во Фондот за здравство

На 1 февруари нашите трансакциски сметки се празни. Министерството за образование и наука сè уште не ни ги исплати стипендиите за месец октомври. Во понеделник во 16 часот пред МОН на протест, повикуваат студенстските организации.

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така веќе две години ги пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе почне реконструкцијата во најбрз можен рок. Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз ние, студентите најавуваме масовен протест. Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може. Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога“, се вели во повикот на Студентски отпор.

За в понеделник протест најавија и вработените во Фондот за здарвство поради обидот на Министерството за финансии да им ги намали платите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ