сабота, 27 јули 2024

Ужасот во Мексико не престанува: Градска советничка е убиена пред нејзината куќа

Локална градска советничка во малата мексиканска држава Гереро на брегот на Тихиот Океан беше застрелана и убиена од вооружени лица пред нејзиниот дом, соопштија властите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Есмералда Гарсон, која ја предводеше комисијата за родова еднаквост во општинскиот совет на Тихтла, била убиена во петокот во раните попладневни часови додека излегувала од својот дом, пренесува Ројтерс.

Државното обвинителство соопшти дека на местото на злосторството се испратени полициски сили со задача да го истражат убиството и да ги пронајдат одговорните. Убиството на Гарсон се случува веднаш по најнасилните избори во модерната историја на Мексико на 2 јуни.

За време на изборната кампања беа убиени 39 политички кандидати, аналитичарите укажуваат на криминална поврзаност меѓу моќните мексикански нарко-картели и корумпираните локални власти, наведува Ројтерс.

Гарсон беше член на Институционалната револуционерна партија (ПРИ), која некогаш беше доминантна во сојузот со другите опозициски политички организации, со кои формираше коалиција против владејачката партија Морена.

Но, на изборите на 2 јуни Есмералда Гарсон ги поддржа кандидатите на Морена, тоа го покажуваат и нејзините објави на социјалните мрежи, каде меѓу другото ја објави пораката „Гласајте без страв!“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ