сабота, 27 јули 2024

Ужас во училиште во Белград: ученик почнал да пука, го убил чуварот, ранил повеќемина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

14-годишното момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Полицијата рекла дека сѐ се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука. Тој испукал неколку истрели.

Убиен е чуварот, а не се знае точниот број на повредените ученици. Сè траело неколку минути, рекла полицијата.

Според неофицијални информации до кои дошла ТВ Прва, момчето на училиште дошло со пет полни шаржери.

Исто така според неофицијални информации, застрелани се две момчиња, кои се пренесени во Ургентниот центар, додека медиумите јавуваат дека не се знае дали две девојчиња се живи. Се јавува и дека ученикот пукал во наставничката за време на часот по историја.

На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. Децата се изнесуваат од училиштето. Истрагата е во тек.

На местото на настанот излегла и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва, била видно потресена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ