сабота, 27 јули 2024

Утврдени се неправилности при надзорот на М-НАВ, вели Томовска

Инспекцискиот надзор и извештаите за случајот М-НАВ завршуваат денеска, изјави директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Весна Томовска. Таа истакна дека инспекторите имаат утврдени неправилности, но за какви неправилности станува збор и подетални информации околу надзорот на тројцата инспектори кои две недели работеа на овој случај ќе даде наредната недела.

Објавено на

часот

Сподели

Томовска посочува дека инспекторите добиле и четири претставки од кандидатите за вработување на огласите во М-НАВ, кои биле детално разгледувани од страна на инспекторите.

Надзор е извршен и во Агенцијата за вработување, а бил проширен и надзорот околу работата на синдикатот.

„Колегите секој ден работеа до 20 часот. Надзорот завршува денеска“, вели Томовска во изјава за МИА.

Надзорот од страна на трудовите инспектори во М-НАВ бил проширен и биле разгледувани четирите последни огласи за вработување и дали синдикатот имал најави за штрајк согласно законот. Инспекторите на Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ влегоа по упадот од страна на осуммина сега осомничени во оваа институција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ