понеделник, 30 септември 2024
Време

Утрово во Лазарополе минус еден

Во Лазарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула Целзиусови степени, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје е 12 сетпени, а најтопло е во Гевгелија со 15 сетепени.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч).

Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ