петок, 19 април 2024

Утрово само во Дојран беше над нулата, во Берово -9 степени

Утрово во цела Македонија беше релативно ведро и студено со темератури под нулата, а само во Дојран беше измерена температура над нулата.

Објавено на

часот

Сподели

Најстудено утрово е во Берово -9 степени, во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола – 6. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР.

Најмногу снег има во Крушево 32 сантиметри, 15 во Пожаране и 7 во Берово.

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево. По одделни котлини претпладне магливо, или со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото e студеноа, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ