вторник, 24 септември 2024

Утрово нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Фото: ГП Богородица утрово

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ