вторник, 12 ноември 2024

Утрово најтопло во Охрид, најстудено во Скопје

Утрово најниска температура е измерена во скопски Петровец – 3 степени и на Зајчев Рид во Скопје – 1 степен. Студено беше и во Струмица со -2 степени. Шест степени се измерени  во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, во Петровец се измерени -3 степени, во Струмица -2 степена, на Зајчев Рид -1 степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степени во Демир Капија, Штип, Крушево и Битола, четири степени во Виница и Претор, пет степени во Дебар и шест степени во Охрид.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ