понеделник, 30 декември 2024

Утрово најстудено во Берово, попладне дожд и снег на планините

Објавено на

часот

Сподели

Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ