сабота, 4 јануари 2025

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево, најмногу снег има во Маврово

Најниска температура од минус седум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 1 степен целзиусов во Крушево. УХМР информира дека -6 степени целзиусови се измерени во Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 Попова Шапка, 1 Крушево.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово највисока снежна покривка од 47 стантиметри е измерена во Маврови Анови, а 44 во Попова Шапка.

Во одделни котлини има појава на магла и во Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 метри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко со мала облачност. Претпладне во делови од котлината со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ