„Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, посочуваат од УХМР.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со локален дожд, а утрово е претежно облачно.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.