Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, шест сантиметри, а во Крушево, три сантиметри.
Според УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар – шест литри на квадратен метар, три во Охрид и Претор, два во Крушево и еден литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови.
Во првата половина од ноќта беше променливо облачно, во западните и југозападните делови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините со слаб локален снег. Во втората половина од ноќта облачноста се намали и дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утрово преовладува сончево време, а по одделни котлини има појава на магла.
Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 елзиусови степени.
Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.