Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува четири сантиметри на Попова Шапка.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Претпладне во северозападните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.