Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија и Прилеп, 19 Куманово и Гевгелија, 20 степени во Штип, Кавадарци и Виница, 21 Скопје-Петровец и 22 степени во Велес.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер одсеверен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд,грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.