сабота, 27 јули 2024

Утрово можна магла по котлините, вечер можен дожд

Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Утрово се прогнозираат ниски температури, а во некои котлини е можна магла. Вечер е можен и дожд.

Објавено на

часот

Сподели

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и преку ноќта во североисточните делови ќе засилува, прогнозира УХМР. Во Скопје претпладне е можна магла, во делови од котлината ќе премине во ниска облачност. Во текот на денот во главниот  град се очекува променливо облачно време со слаб променлив ветер.

Температурите во земјава во утринските часови ќе се движат од минус 1 во повисоките места, најмногу до 2 степени во скопската котлина, до 5 степени во југоисточните краеви.

Максималните температури ќе се движат од 9 до 16 степени, во Скопје не се очекува да надмине 11 степени.

б

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ