понеделник, 15 април 2024

Утрото свежо, преку ден сончево, кон крајот на денот умерена облачност

Денеска утрото свежо, преку ден сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од УХМР, во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени.

Во понеделник, според УХМР, времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ