петок, 18 октомври 2024
По тешката сообраќајка во која животот го загубија тројца доктори

Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Прилеп по трагичната смрт на лекарите

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно предлогот, утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајната несреќа изутрината на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот кај селото Лагово загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност.

Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило тојота во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар.

До овој момент делницата на патот Прилеп-Битола се уште е забранета за сообраќај, и сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ