вторник, 7 јануари 2025

Утре за Бадник посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се одржи бадникова манифестација во склоп на Бадникови поворки и свечен собир на кумовите бадникари на платото на Соборниот храм Св. Климент Охридски, како и божиќна манифестација во склоп на Бадникови поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по улиците „Петар Дејлан“, десно по „Борис Трајковски“, лево по булиеварот „Македонија“, во продолжение по „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на улицата „Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти“, стои во соопштението.

Воедно, од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ