сабота, 27 јули 2024

Утре втор обид за почеток на судењето против Бујар Османи по тужбата за клевета од ММДЧП

Објавено на

часот

Сподели

На закажаното рочиште за 18 април Османи не се појави во судот туку го испрати неговиот бранител. Љупчо Илиев, адвокатот на Османи, тогаш изјави дека од содржината на изјавите презентирани во тужбата апсолутно не може да произлезе дека тужениот имал намера било кого да омаловажи, во случајот и најмалку тужителите од кои што едното е физичко лице, а другото е здружение од Канада. Османи изразил само јавно мислење за активности на здружение, рече Илиев.

Адвокат на тужителот, Трајче Торов, на 18 април изјави дека „не смее функционер – властодржец кој има моќ, да ги навредува финансиерите на борците за човекови права и борците за човекови права“.

ММДЧП поднесе тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ММДЧП како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тој изјави дека се работи за фондација од Канада, која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.

На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, и организацијата поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје.

„Изјавите на Османи се лажни, навредливи и клеветнички за ММДЧП и за претседателот на организацијата Бил Николов. Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од САД и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД“, соопшти тогаш ММДЧП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ