четврток, 16 јануари 2025

Утре во Тетово уште од 5 часот наутро сообраќаен режим заради доаѓањето на косовскиот премиер

Објавено на

часот

Сподели

СВР Тетово информира дека утре ќе биде забрането паркирање на возилата на бул. Маршал Тито, на потегот од крстосницата со ул.Видое Смилевски-Бато до плоштадот, бул.Благоја Тоска, ул.ЈНА.

„Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање на ул.ЈНА, на потегот од крстосницата на ул.Димо Гавровски-Кара до бул.Илинденска, како и на бул.Илинденска, на потегот од крстосницата на бул.Маршал Тито со ул.ЈНА, на ул.Тодор Циповски-Мерџан и дел од ул.Иво Рибар Лола. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Воедно СВР Тетово апелира граѓаните да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација

Од друга страна Општина Тетово и „Градски паркинг“ одлучија утре сите останати паркинг места во Тетово да бидат бесплатни.

„Ги замолуваме граѓаните утре да не ги паркираат автомобилите на зоната А2 и А3 за да избегнат казни. Исто така, ги известуваме граѓаните дека утре ќе бидат отворени дворовите на основните и средните училишта, како и паркингот зад зградата на општината“, се вели во информацијата од Општината.

Од Општина Тетово воедно информираа дека премиерот на Косово, Албин Курти и градоначалникот на Тетово посетата на Вејце и Селце ја прават со цел иницирање на идејата за поврзување на сите планински села на патот Тетово-Призрен.

Инаку, како што објави МКД.мк, косовскиот премиер Курти не побарал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а вицепремиерот Артан Груби изјави дека таа посета има „локален карактер“ и средби со градоначалници на две општини.

Курти ќе ја посети и Општина Чаир каде, како што објави МКД.мк, ќе присуствува на свеченост по повод преименувањето на ул. Втора македонска бригада во ул.Адем Демачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ