среда, 29 мај 2024

Утре во Скопје се собира светската елита на денталната имплатологија

Утре и задутре во скопскиот хотел Хилтон ќе се одржи меѓународно акредитираниот конгрес, на кој ќе присуствуваат светски познати експерти од областа на денталната имплантологија.

Објавено на

часот

Сподели

На Конгресот ќе земат учество врвни стоматолози, орални и максило-фацијални хирурзи од целиот свет. Во рамките на конгресот, ќе се изведе за прв пат сложен оперативен зафат на пациент – транспозиција на нерв, а видео преносот ќе се емитува во живо, пред пошироката стручна јавност, односно учесниците на конгресот. Професор Др. Мазен Тамими, максилофацијален и орален хуирург од САД, роден во Јордан кој ќе го предводи зафатот и ќе демонстрира комплексната хируршка техника вели:„Во Скопје ќе ја презентирам техниката за транспозиција на нерв, која е многу важна и во многу случаи единствено решение кај пациентите со губиток на заби и прилично атрофирана долна вилица”.

Дигиталини трендови во стоматологијата и нови концепти во имплантологијата се секако дел од темите кои ќе ги покрие овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија, Африка како и еминентни доктори од Македонија.

За првпат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат.

Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ