сабота, 27 јули 2024

Утре во сали ќе се полага матурата под строги протоколи, учениците можат да бидат претресени

Сите средни училишта се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти денеска Министерството за образование и наука. Матурата ќе се полага во големи простории, матурантите можат да бидат претресени пред да влезат.

Фото: МОН

Објавено на

часот

Сподели

Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.

„Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори“, наведува МОН.

Инаку, во правилникот кој го споменува министерството, е наведено дека ученикот кој полага матура може да биде опоменат, отстранет од испитот или да му биде поништен испитот доколку му биде откриен мобилен телефон, друг електронски уред или хартија со содржина која се однесува на испитниот материјал.

Наставниците велат дека имаат препорака матурантите да бит претресени од тестаторот пред да влезат во просторијата или потоа. Тие се прашуваат дали имаат право да претресуваат имајќи ги предвид начелата за правата на децата, односно во чија надлежност тоа може да биде.

Друга работа која внесува недоумици меѓу наставниците (веројатно и учениците) дека кандидатот (матурантот) може просторијата да ја напушти за време на испитот „само во случај кога станува збор за здравствен проблем по проценка на тестаторот, заедно со еден од резервните тестатори“. Меѓу прашањата кои се поставуваат е што доколку некому му се оди во тоалет или има друг проблем, како ќе се прави проценка дали е тоа вистинита потреба или не.

Инаку, Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ