недела, 22 декември 2024

Утре во МКЦ инклузивната претстава „Другарство“

В понеделник, на 23 декември, сите патишта ќе водат во МКЦ.

Објавено на

часот

Сподели

Таму децата од Дневниот центар „Доза среќа“ и нивните другарчиња во 18 часот по третпат ќе ви ја покажат инклузијата на дело преку претставата „Другарство“.

Темата што се обработува е булингот, кој е многу присутен меѓу децата од сите возрасти, посебно децата со атипичен развој и посебни потреби. Ќе ви го претстават и сајбер-булингот, негативното влијание на телефоните и, за крај и најважно, другарувањето без мобилни и интернет.

Претставата е во режија на „Доза среќа“, текстот и музиката се на Роберт Ристов, обучувач на знаковен јазик е Соња Кимова Делевска, а учесници се децата од Доза среќа – Никола Стојановски, Денис Димитров, Ангел Божинов, Кристијан Стојанов, Орхан Амит, Кан Лозана, Ава Лозана, Ева Стојановска, Рабије Бериша, Авел Бајрамовски и Ариел Селмани и нивните другарчиња Калина Грујиќ, Магдалена Стојаноска, Калина Чанговска, Арабела Тудиќ и Ангела Делевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ