недела, 22 септември 2024

Утре во Битола целодневен посебен режим на сообраќај

Утре во Битола од 6 часот наутро до 18 часот попладнето СВР Битола ќе преземе посебен сообраќан режим, соопштија од битолската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Посебниот сообраќаен режим ќе се спроведе заради потребниот протокол на високи делегации кои ќe престојуваат во Битола, пoсочуваат од СВР Битола.

„Утре на булевар 1 Мај на зоните Б1 и Б2 на потегот од местото викано Црн мост до Безистен, СВР Битола ќе преземе посебен сообраќаен режим и притоа паркирањето на автомобили во периодот од 6 до 18 часот нема да биде дозволено. Сообраќајниот режим се спроведува заради потребите на протоколот на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на општината“, информираа од СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ