сабота, 27 јули 2024

Утре важни локални избори во Србија, дел од опозицијата не учествува

Во Србија во тек е предизборен молк пред локалните избори во Белград и уште 66 градови и општини, и 23 градски на 2 јуни на кои нема да учествува значителен дел од опозицијата, тврдејќи дека власта не обезбедила рамноправни услови за фер избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалните избори во Белград ќе се одржат откако владејачката Српска напредна партија не успеа да формира мнозинство во градското собрание по изборите на 17 декември минатата година за кои опозицијата тврдеше дека биле украдени со изборен инженеринг, миграција на гласачите и низа ситни злоупотреби.

Опозицијата на изборите, пред сè во Белград, излегува поделена, додека еден дел од опозициските партии нема ни да учествуваат, со тврдење дека нема фер услови за демократски изборен процес.

Според анкетите, изборниот праг во Белград од вкупно 14 изборни листи го преминуваат само пет: Александар Вучиќ – Белград утре со 48,2 отсто, граѓанско-еколошкото движење Д-р Саво Манојловиќ – И јас сум Белград – Тргни-промени со 13,5 отсто, Го бираме Белград – Добрица Веселиновиќ – Милош Павловиќ како дел од некогашната опозициска коалиција Србија без насилство со 11,5 отсто, движењето 1 од 5 милиони – Белградски фронт – Ритамот на градот, Душан Теодосиевиќ градоначалник со 8,3 отсто, и листата на контроверзниот лекар Бранимир Несторовиќ Ние-силата на народот со 6,7 отсто. Право на глас имаат 1,6 милиони гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ