петок, 13 декември 2024

Утре свечено отворање на Порта Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Порта Македонија ќе претставува симбол на голема историска победа, на создавањето независна и на суверена Македонија, велат од Министерството за култура.

„Со приказ на македонската историја низ вековите и со својата мултифункционалност, Порта Македонија, ќе биде нова туристичка атракција за сите граѓани и посетители на нашата земја“, истакнуваат од Министерството.

Портата е дело на вајарката Валентина Стефановска, која го изработи и проектот Воин на коњ. Порта Македонија е висока 21 метар, а се простира на површина од 193 квадратни метри. На надворешност од објектот се издлабени релјефи со мотиви од македонската историја, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа. На врвот од Порта Македонија има платформа за набљудување, а граѓаните и туристите ќе можат дотаму да стигнат со два лифта и две скалила. Целосната изградба и уредување на Порта Македонија чинеше околу 4,4 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ