сабота, 27 јули 2024

Утре рано наутро во Скопје започнува прскањето против комарци

Од Град Скопје информираат дека утре рано наутро ќе започне прскањето против комарци. Од градот преку соопштение информираат дека прскањето ќе биде реализирано доколку временските услови го дозволат тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, градот реагира кон некои медиуми кои речиси секондневно предупредуваа дека се доцни со проскањето и дека ситуацијата може да стане алармантна. Во реакцијата од градот нагласуваат:

„По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на 18.05, но за дезинформациите јавноста мора да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме“.

Од градот своето соопштение го илустрираат со сооопштение од 2018 година од кое се гледа дека првото прскање против комарците било реализирано во јули, таа година, со други зборови, градот им посочува медиумите дека не е задоцнето со акцијата.

„Иако сме меѓу првите кои спроведуваат прскање против комарци годинава, сепак има оркестриран напад врз Скопје, а за сите други општини се молчи иако дел се уште ни постапки немаат отпочнато“, нагласуваат од Град Скопје и во продолжение на соопштението наведуваат редица соопштенија од повеќе општини од минатите години кои најавуваат прскање во јуни или во јули.

Инаку, минатата година првото авионско прскање против комарците беше ивршено на 6 и 7 мај, додека од земја на 23 мај, а четвртата фаза од прскањето во август.

Oд Центарот за управување со кризи во врска со утрешното прскање ги алармираат пчеларите навреме да ги засолнат кошниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ