сабота, 27 јули 2024

Утре прва седница на собраниската Комисија за избори и именувањата

Собранието за утре на пладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата. Како што стои на собраниската веб-страница, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се предлог – одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија, разгледувањето на барањето на поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата претседател и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно-правна комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчки партии во новиот собраниски состав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ