Предвидена е тет-а-тет средба, а потоа и билатерална средба помеѓу двете делегации, а во Владата предвидена е заедничка прес-конференција.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелираше до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Фон дер Лајен од вчера па се до сабота ќе ги посетува земјите од Западен Балкан и ќе им го претставува Планот за раст.
Европската комисија официјално ја одобри реформаската агенда. Македонија треба да добие помош од 750 милиони евра, а се очекува авансно 52 милиони евра веднаш да легнат во буџетот наскоро по заминувањето на Фон дер Лајен.