сабота, 27 јули 2024

Утре посебен сообраќаен режим поради протест на синдикат за обраование

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека утре во периодот од 12 до 14.30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
 
Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на ул.11 Октомври, преку ул.Димитрие Чуповски, бул.Св. Климент Охридски и ул.Св. Кирил и Методиј, па сѐ  до зградата на Министерство за образование и наука.
 

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

                                                                                                                                      Фото: П.Џ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ