сабота, 27 јули 2024

Продолжува скијачката сезона во Маврово, утре ќе работат неколку ски-лифта

Ресорт Маврово најавува дека утре ќе работи двоседот жичарницата, жолтиот, галичкиот и повратниот ски лифт. Со подобрена безбедност на падините за сите љубители на скијањето, центарот за јануари подготви бројни новини за скијачите и богата забавна дневна и вечерна програма.

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, да истакнеме дека организационо сме одлично подготвени за уште една исполнета скијачка сезона. Новитети годинава се новата ски патрола и амбулантна единица организирана со Македонското здружение за спасување на скијалиштата. Акцентот е ставен на безбедноста на нашите гости и пријатели со кои ја споделуваме страста за снежните спортови. Во Ски авантура набавена е нова опрема. Се разбира има и богата содржина за забава. Подготвивме обемен календар со настани на скијалиштето со ски трки. Ги очекуваме сите љубители на снежни спортови, како и оние кои ја сакаат комбинацијата на сонце, снег и чист воздух“, велат од Ресорт Маврово.

Годинава Ресорт Маврово воспостави и соработка со скијачки центри во регионот и со сезонската карта нуди слободни викенди на Јахорина, Бјелашница, Копаоник и Колашин. Односно, секој што ќе купи сезонска карта за зимската сезона 2023/2024, со истата може да скија три последователни денови во скијачките центри на олимпискиот центар Јахорина и на Скијалишта Србије. Со сезонскиот ски пас од Јахорина и од Скијалишта Србије последователно тридневно бесплатно скијање ќе има и во Маврово.

Оваа сезона Ресорт Маврово ја збогати и со многу забава и за децата и за возрасните. Овој викенд е концертот на „Дајте музика”, a наредната сабота е Тин камп. Три викенди по ред децата можат да искусат бесплатни часови по скијање заедно со други деца во улога на инструктори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ