Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.
На отворањето на самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Сиљановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.
Голем е интересот за присуство на самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат, а се очекува да учествуваат повеќе од 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.