Владата на вчерашната седница одлучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.
Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.
Карваните на претседателските кандидати продолжуваат и денеска. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка, Свети Николе и Велес. Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево, Бутел, Чаир и во Гази Баба. Кандидатот за претседател на државата од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Општина Липково. Кандидатот за претседател од ГРОМ, коалиција Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски, ќе одржи средба со граѓани во Струга, во Охрид и во Битола.