четврток, 26 декември 2024

Почнува кампањата на претседателските избори

На полноќ официјално почна изборната кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април. Седум кандидати го обезбедиле потребниот број на потписи од граѓани или од пратеници. На 8 мај, заедно со парламентарните избори, ќе се одржи и вториот круг од претседателските избори.

Објавено на

часот

Сподели

На гласачкото ливче за претседателските избори под реден број 1 ќе биде кандидатот на СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски, на второт место е Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица е на редното место број 3, на четвртото е Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Бујар Османи од коалицијата Европски фронт на ДУИ на пето место, Стевчо Јакимовски од ГРОМ е на шесто и Максим Димитриевски од ЗНАМ – За наша Македонија е на седмото место на гласачкото ливче.

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Сиљановска-Давкова почнува со митинг пред зградата на Владата.

Под мотото „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат од ЗНАМ Максим Димитриевски најави дека од Крушево ќе води позитивна кампања, со непосредни средби со граѓани и два помасовни митинга.

Кампањата на Стево Пендаровски почнува од Прилеп. Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата.  Пендаровски ќе ги посети и општините Кривогаштани и Крушево.

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција. Во Струмица вечер, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1,  Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.

Кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја почне со прес-конференција во 11 часот пред претседателската вила на Водно.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ