Врнежи ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање снежна покривка.
Според УХМР, утре и особено во вторник, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, а во среда се уште ќе има услови претежно на планините да провејува слаб снег.