недела, 19 мај 2024

Утре МВР ќе издава лични документи

МВР информира дека утре ќе се издаваат лични документи, како и дека се изготвени личните карти за кои барањата биле поднесени до 3 мај.

Објавено на

часот

Сподели

„Во пресрет претстојните претседателски и парламентарни избори што ќе се одржат утре (среда 08.05.2024 година), Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 8.5.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот. Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3.5.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ