сабота, 27 јули 2024
ДИК

Утре ќе се знае распоредот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Редоследот на претседателските кандидати на изборното ливче за изборите на 24 април ќе биде познато утре. Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Македонија.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Како што е познато, ДИК ги потврди кандидатурите на Стево Пендаровски зад кој застана коалицијата на СДСМ, на Гордана Силјановска Давкова поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на Бујар Османи од ДУИ, на Арбен Таравари предложен од коалицијата Вреди, на Максим Димитриевски кандидиран од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, на Билјана Ванковска поддржана од Левица и на Стевчо Јакомвски од ГРОМ.

Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ