сабота, 27 јули 2024

Утре ќе биде донесена одлука за екстрадицијата на Асанж во САД

Високиот суд во Лондон утре ќе пресуди дали Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, ќе може да се жали против одлуката Британија да го екстрадира на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски обвинители го бараат 52-годишниот австралиски новинар поради обвинувања поврзани со објавувањето огромни количества доверливи воени и дипломатски документи на САД на Викиликс.

Тврдат дека со нивното објавување биле загрозени животите на американски агенти и дека нема изговор за неговите дела.

Поддржувачите го слават Асанж како новинарски херој, чиј кривичен прогон е политички мотивиран, односно го гонат поради разоткривање на американските воени и политички злосторства.

На дводневното сослушување минатиот месец неговите адвокати побараа дозвола за жалба против одлуката Британија да го екстрадира.

„Тоа е тоа. ОДЛУКАТА Е УТРЕ“, напиша неговата сопруга Стела Асанж на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ