Согласно законската регулатива, процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач, заедно со помирувачот отпочнува со првата работна средба, која ќе се одржи утре во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција, се вели во соопштението на „Солидарност“.
Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство.
Вработените во УЈП бараат зголемување на платите за 30 проценти, а доколку не биде постигнат договор, најавија генерален штрајк. Во меѓувреме, секој ден одржуваат двочасовни протести.