четврток, 26 декември 2024

Утре ќе се избира нов претседател на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот совет брои 13 члена, а Адеми вели дека е пожелно сите членови да бидат присутни на утрешната седница.

Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без проверена каква било постапка понатаму на некој начин ќе се легализира“, изјави тогаш Дамева.

Експертите велат дека разрешувањето на Дамева било незаконско и против процедурите и Деловникот.

За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови – Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска.

Коалицијата „Сите за правично судење“ соопшти дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет. Од Колицијата појаснуваат дека за да постои каква било дисциплинска мерка или разрешување на член на Советот, претходно мора да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии.

Министерството за правда соопшти дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.

Заменик-претседателот на Судскиот совет Селим Адеми во изјава за Порталб тврди дека при разрешувањето на Дамева не е прекршена ниту една законска одредба, дека точката за разрешување на судијата Беџети воопшто не била ставена на дневен ред, а како причина за разрешувањето на претседателката ги потенцира нарушените меѓучовечки односи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ