Трката ја организира атлетскиот клуб (АК) „Борец“ со поддршка на општина Велес. Се трча на 5 и 10 километри, а претходно ќе има и детска трка. Детската трка е на 400 метри, а неа се предвидени да трчаат стотина учесници.
Лазе Петрушев од АК „Борец“, досега за трката се пријавиле над 400 учесници од земјава како и од Србија и од Косово.
Пријавувањето е до утре, недела 4 јуни, а се врши електронски преку веб страницата на трката „Трчаме за Рацин“.
Стартот на трката е на 11 јуни во 19 часот на главната улица спроти споменикот на Рацин пред Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.
Организаторите за најдобрите во машка и во женска конкуренција обезбедија и вредни парични награди за освоено прво, второ и трето место.