Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 Целзиусови степени.
Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.